Љубоморно момче испратило дете (12) да го убие неговиот ривал: Детето го повлекло чкрапалото

Сподели со своите пријатели

Кавгата околу девојка што се случила во Бреша завршила со пукање, а случајот е особено интересен затоа што еден од ривалите го испратил својот 12-годишен братучед да пука во другиот, пишува агенцијата Анса.

Loading...

Жртвата била хоспитализирана и не е во животна опасност, нарачателот на пукањето, 27-годишен млад човек од Бреша, е во затвор, а момчето, сторителот на „одмазда“, бидејќи е помлад од 14, нема да биде гонет според италијанскиот закон, но за неговиот случај ќе се изјасни судот за малолетници.

 

 

Вљубениот 27-годишник, чие име агенцијата не го наведува, на малолетниот роднина му дал пиштол со упатства како да пука во противникот.

Полицијата утврдила дека сопственикот нема дозвола за оружје и дека серискиот број на пиштолот е избришан, што укажува на можноста дека тој потекнувал од криминални кругови.

Leave a Reply