Љајм: Посетата на Ахмети во Диво Насеље е откажана поради бунтување на група граѓани

Сподели со своите пријатели

По информацијата дека во Куманово за денес се подготвува посета на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, близу стотина Албанци се собраа во кумановската населба Диво Насеље, пишува порталот Љајм на албански јазик.

Loading...

12067246_10153302747388167_1618892115_n-540x432

Според Љајм, тие се групирале на неколку места, со намера да го спречат евентуалното пристигнување на Ахмети.

Наводно, незадоволните граѓани коментирале дека токму Ахмети е виновен за терористичкиот напад на 9 и 10 мај, и дека тој не сторил ништо за да спречи поголем инцидент.

Во низата обвинувања, стои и тоа дека Ахемти е обвинет како директно инволвиран во убиството на Џемаил Реџепи – Командант Шќипоња, кој беше главен кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Како што јавува Љајм, токму и таткото на т.н Командант Шќипоња,  Мејди Реџепи, бил виден на денешните протести против доаѓањето на Ахмети во Куманово.

При обид да стапиме во контакт за потврда на информацијата за доаѓањето на Ахмети во Куманово, не наидовме на успех, откако никој не се јави на партиските телефони оставени за контакт на официјалната веб страна на ДУИ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.