Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус изјави дека ќе биде најдобра пријателка на Украина доколку стане нов премиер.
Таа рече дека веднаш ќе му се јави на претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесе Ројтерс.
Трас рече дека ќе соработува со сојузниците за да испрати повеќе оружје и хуманитарна помош во Украина, пренесува Танјуг.
„Како премиер, ќе бидам најголемиот пријател на Украина, по примерот на Борис Џонсон, и целосно ќе се посветам на тоа (рускиот претседател Вадимир) Путин да не успее во Украина и да претрпи стратешки пораз, како и Русија да биде ограничена во иднина. “, рече таа во соопштението.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.