Ливингстон: За да бидете добар тим треба да победите кога е тешко (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„За да бидете добар тим, треба да победите кога е тешко“, вели американскиот интернационалец во Куманово, Отис Ливингстон, откако вечерва сино-белите го совладаа составот на Кожув, иако во првиот дел од средбата беа во негатива.

Loading...

– Добар тим се, играат добро, играат како едно, сите беа на иста страница вечерва, но мислам дека за да бидете добар тим треба да победите кога е тешко, кога не изгледа добро на почетокот, губите со 10-12 во првата половина и игравме добра одбрана и знаевме дека исходот ќе дојде како резултат на тоа и ние игравме како едно во втората половина, еден тим, мислам дека тоа го покажа и победата победивме со 15, иако губевме со 10-12, мислам дека тоа е добар знак за нас да победиме на тој начин, изјави Ливингстон.

Ливингстон вечерва забележа 11 поени на теренот и беше еден од најзаслужните за победата на Куманово.

 

Leave a Reply