Листа на дијагнози на хронични состојби за ослободување од работа

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

Loading...

1)            Хронични респираторни заболувања;

2)            Тешки кардиоваскуларни заболувања;

3)            Дијабет – ТИП1;

4)            Малигни заболувања;

5)            Имуно-компромитирачки состојби.

Листата на дијагнози на хронични состојби ги опфаќа:

Хронични респираторни заболувања:

Loading...

•             ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44

•             Астма – J45

•             Интестицијална фиброза – Ј84

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

•             Срцева слабост со EF<40

•             Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци

•             Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија

•             Тешка аортна и митрална стеноза

Loading...

•             Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци

•             Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци

•             Длабока венска тромбоза до 3 месеци

Дијабетес мелитус:

•             Диајабетес тип I

•             Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

Сите малигни заболувања – C00-C97

Имунокомпромитирачки состојби:

Loading...

•             Состојба по трансплантација на бубрег  – Z94.0

•             Хроничен нефротичен синдром – N04.9

•             Интермитентна хемодијализа – Z99.2

•             Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00 

•             Некротизирачки васкулопатии,  системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34    

Интегрално соопштение: Министерство за труд и социјална политика           

Loading...

Leave a Reply