Лишени од слобода разбојници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановец и велешанец биле приведени вчеравечер под сомнение дека нападнале и ограбиле жител на Куманово.

Loading...

– На 24.11.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(21) од Куманово и МД.(23) од Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека на 20.11.2022 во 13.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово физички го нападнале А.Р.(37) од Куманово и му одзеле паричник.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат