Липковец се снимал како пука и објавил на социјални мрежи, заврши во притвор

Сподели со своите пријатели

Жител на липковското село Опае заврши во притвор откако претходно објавил на социјалните мрежи видео како пука.

Loading...

– Денеска (04.08.2021), полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. од село Опае, општина Липково, а по претходно објавена видео снимка на социјалните мрежи од пукање од оружје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со 22 куршуми и ловечка пушка „Застава“, за кои не поседувал дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply