Липковец превезувал 12 метри кубни дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

Жител на липковско Гошинце заработи кривична пријава, оти превезувал дрва за огрев без соодветна лиценца.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од село Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 14.11.2019 во селото Никуштак, општина Липково, пријавениот со товарно возило „мерцедес“ вршел превоз на 12 метри кубни огревни дрва, со испратници издадени од правно лице од село Гошинце, за купувач во село Арачиново, без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.

Никола Ивановски

Leave a Reply