„ЛИДЛ“ ќе отвори низа маркети во Македонија, ова се деталите!

Сподели со своите пријатели

Светскиот ланец маркети ЛИДЛ наскоро ќе започне со отварање на своите маркети и во Македонија.

Loading...

Предвидено е познатиот германски бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

 

 

– Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите  за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје, стои во соопштението испратено до медиумите од СДСМ.

Со влезот на „Лидл” –  познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот „Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа.

Loading...

 

 

– “Лидл” значи и отварање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава., стои во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Инвестицијата на германскиот „ЛИДЛ“, велат од СДСМ, е дел од владиниот Интервентен план на инвестиции кој треба да се реализира во периодот 2021 – 2027 година.

Никола Ивановски

Leave a Reply