Лидија Тасевска од Куманово – нова пратеничка во Собранието

Сподели со своите пријатели

Лидија Тасевска од Куманово ќе влезе како пратеник во составот на Собранието на Република Македонија, на местото на Максим Димитриевски кој стана градоначалник.

Нејзиниот мандат до крајот на недела ќе стане и официјален, кога Државната изборна комисија ќе го издаде сертификатот за новите пратенички мандати кои ќе влезат во законодавниот дом на местото на оние пратеници кои станаа градоначалници.

Тасевска по професија е наставник по македонски јазик и литература со долгогодишно искуство во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“, а пред неколку години стана и директор на СОУ „Перо Наков“.

Потпретседател е и на Форумот на жени на СДСМ од Куманово.