Лидерството во АВОН ми овозможува заработка и кариера (фото)

Сподели со своите пријатели

Ангела  Сарафимовска од Куманово е студент на Институтот за Безбедност, одбрана и мир и веќе четири години е дел од тимот на АVON, на позиција Kоординатор. Таа својата улога ја сфаќа многу сериозно и секојдневно се стреми кон поголем напредок. Можностите кои ги нуди АVON ѝ претставуваат поттик да продолжи со градење на својата кариера, и да си обезбеди поголема финансиска независност.

Емилија Тошевска од Скопје е дипломиран Социолог, магистрант по Дипломатија и веќе 5 години е дел од големото АVON семејство како Претставник, а последниве 7 месеци е на позицијата Координатор. Тоа е позиција која носи престиж, овозможува стекнување на компетенции и развој, како личен така и професионален. Професионално се занимава со продажба, а АVON ѝ е омиленото хоби и претставува дополнителна надградба во истото поле.

 

Loading...

15

 

Што значи да се биде Координатор?

Ангела: Дамите кои што се стремат да станат Координатори или веќе се, имаат можност светот на козметиката да го претворат во бизнис. Координатор е првата позиција каде што можат вистински да се почувствуваат можностите што ги нуди АVON, како што се: бесплатни обуки за професионално развивање на својот тим, бесплатни обуки за декоративна и бела козметика, како и исплата на 17 провизии годишно, и 18 додатни бонуси. Тоа се само дел од работите кои ме мотивираа да станам Координатор.

Емилија: Самата позиција на Координатор во АVON носи заштеда, заработка и градење на сопствен тим-мрежа на претставници кои ја имаат безусловната поддршка од целиот тим на АVON. Секако, тука постојат многу можности во однос на себеусовршување, преку бесплатни обуки за професионално развивање на тим, запознавање со типовите на производи коишто ги нуди АVON, техниките на продажба и слично. Самиот квалитет и традиција на производите на АVON е нешто со кое се гордеам и можам на секого да го понудам.

Колку време е потребно за да се достигне позицијата Координатор?

Ангела: Во Авон нема определено работно време, секој си е сам свој шеф. Ова е позиција која се достигнува за 1 кампања или за само 3 недели, со 1 до 2 работни часа дневно, а времето за работа си го менаџираме самите. Хонорарот кој го добиваат Координаторите е од 2000 до 12 000 денари на 3 недели.

Емилија: Времето за добивање на титула Координатор е релативно и пред сѐ зависи од личните заложби, позицијата не бара конкретно определено време. Сам го менаџираш сопственото време и всушност сето ова претставува забавен начин на заработка.

 Што сакате да постигнете во АVON? Кон што се стремите?

Ангела: Краткорочно, би сакала да ја сменам мојата титула до крај на 2016 година. Долгорочно, би сакала да напредувам што е можно повеќе и да стигнам до некоја повисока позиција што ќе ме исполнува како личност и ќе ја работам со голема љубов и голема посветеност.

Емилија: Секако очекувам прогрес во својот напредок и достигнување на една повисока титула, којашто носи поголем престиж и заработка. Секогаш има можност за повеќе. Сакам да го пренесам своето лично искуство што го имам со АVON. Сите сме горди на кампањите во коишто АVON учествува, како што се Кампањите за борба против семејно насилство, Борба против ракот на дојка и Hello Green Tomorrow.

Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?

Ангела: Се трудам да направам баланс меѓу професионалните и личните обврски. Затоа најчесто професионалните обврски однапред ги планирам за да можам да исполнам сѐ. Како што претходно кажав, во АVON нема шеф – ние сами определуваме кога и колку ќе работиме, па затоа мора да бидеме добри менаџери на времето.

Емилија: Секогаш може да се најде време за спој на убавото со корисното. Со правилен распоред на обврските, може да се постигне сѐ. АVON ве учи како правилно менаџирате со неколку фактори – човечки односи, време и успех. Времето сами го детерминираме, а успехот е резултат на вложениот труд и време.

Каде заинтересираните имаат можност од поблиску да се запознаат со Лидерските Бизнис можности на АVON?

Ангела: Секој кој има желба е добредојден да присуствува на нашите групни средби за можности кои се одржуват во Регионалната канцеларија во Скопје секој вторник од 17 часот. Исто така, има можност и за индивидуални средби во Куманово кои ги одредуваме со термини во секој работен ден. За закажување термини и повеќе информирање заинтересираните може да се јават на тел. 078/300-793 – Ангела Сарафимовска или на [email protected]

Емилија: Доколку има некој заинтересиран, добредојден е да присуствува на Средбите за можности кои се одржуват во Регионалната канцеларија во Скопје. Во однос на времето, ние сме флексибилни и сѐ се работи по принцип на договор. За закажување термини и повеќе информирање сите заинтересирани можат да се обратат на тел. 071/627716 – Емилија Тошевска или на [email protected]