Лидерот на Ал Каеда на 18-годишнината од хоророт во САД повика на нови напади

Сподели со своите пријатели

Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги повика муслиманите да напаѓаат цели во САД, Европа, Израел и Русија, во говорот по повод 18 години од терористичкиот напад на 11. септември.

Loading...

Во видеото објавено од оваа милитантна група, Ал Завахри (68) исто така ги критикуваше повратниците од џихадот, обраќајќи им се на оние кои го смениле своето гледиште за нападот од 11.09. сметајќи го за неправедно поради страдање на цивилите

„Ако сакате џихадот да се фокусира само на воените цели, американската војска е присутна низ целиот свет, од исток до запад. Вашите држави се полни со американски бази, и со сите тие неверници и корупцијата што ја шират“, рече Ал Завахри во видеото, пренесува АП.

Координираното киднапирање на авионите на Ал-Каеда на 11 септември 2001 година уби речиси 3.000 луѓе кога авионите удрија во Светскиот трговски центар и Пентагон.

Говорот на Ал Завахри траеше 33 минути и 28 секунди, но нема прецизно сознание за тоа кога е снимен.

Ал Завахри е Египќанец кој стана водач на Ал Каеда по атентатот врз Осама бин Ладен во 2011 година.

За него се верува дека се крие некаде во пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан, а според извештајот на ООН, тој е во лоша здравствена состојба, иако не се дадени детали.

Leave a Reply