Лидерите на ЕУ во заедничката изјава ги осудија нападите што се случија денеска во Франција, наведувајќи дека се работи за напади врз заедничките европски вредности.
Loading...
– Ние, европските лидери, сме шокирани и тажни поради терористичките напади во Франција, се вели во писмената изјава на Европскиот совет.
Лидерите на ЕУ27 нагласуваат дека се обединети и солидарни со Франција, нејзиниот народ и Владата, во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.
– Ги повикуваме лидерите ширум светот да работат на дијалог и разбирање, а не на поделби меѓу заедниците и религиите, се вели во соопштението.
Јасмина Тасевска