Лицето што измачуваше волк со цигара во уста ќе одговара кривично (видео)

Сподели со своите пријатели

По јавното објавување на видео запис на каналот Јутјуб, на кој е прикажано брутално измачување на животни од страна на лице од Македонија, поточно од с. Карбинци, СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против З.В.(37) од истото село, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“.

Loading...

Пред околу три месеци во текот на 2015 година пријавениот пред продавница во селото Карбинци, општина Карбинци на повреден волк, кој не бил способен да се движи, со грубо постапување и изложување на непотребни маки му нанел непотребни болки заради изживување и изложување на страдање.

На видеото кое стана и предмет на полициска истрага се гледа како сторителите на овој грозоморен чин го измачуваат застреланиот волк, ставајќи му цигара во уста.