18.04.2015 14:17

Лице пријавило дупка од проектил во семејната куќа


Како што јавува СВР Куманово, во  текот на вчерашниот ден,  во 23,30 часот во ПС-Куманово,  А.С. (37) од Куманово, пријавил дека додека бил дома, слушнал силен звук од прозорецот од неговата семејна куќа, по што кога излегол надвор, на балконот во конструкцијата од прозорецот забележал дупка со проектил во внатрешноста, додека во соседната куќа, сопственост на О.С.(42) на терасата забележал неколку лица кои откако го забележале, набрзина го напуштиле балконот и влегле внатре во куќата.

По обавениот разговор со О.С. истиот истакнал дека во период кога е пријавен настанот тој не бил дома, а за тоа време заедно со другарите бил дома сам неговиот малолетен син.

loading...

Констатирано е дека О.С. со потврда поседува воздушна пушка и дека истата ја чувал во една од просториите од куќата, но дека неговиот син ја немал користено пушката претходно бидејќи истиот не знаел да ракува со неа и дека не го сторил делото, но не ја исклучува можноста дека тоа да ги имало сторено некој од неговите другари.

По консултација со ЈО,  воздушна пушка со потврда за одземени предмети е привремено одземена и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments