Лице од Куманово недостапно во денешна акција на МВР

Сподели со своите пријатели

Продолжува операцијата „Келија“ против лица кои биле дел од синџирот на Исламска држава, дознава „Курир“.

Како што дознава „Курир“ од полициски извори, врз основа на добиени наредби за претрес на дом од страна на Судија на претходна постапка во врска со КД “терористичка организација” од чл.394 ст.2 од КЗ, извршени се вкупно седум претреси од кои шест во Скопје  и еден во Тетово кај вкупно 6 лица.

За време на претресите, четири лица се обезбедени и тоа Б. Г., Ф.И., Е. У. од Скопје и М.М. од Тетово, додека три лица не се достапни, од кои за две лица С.Р. од Скопје и С.И. од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.

Дополнително,  за лицето Б.С. од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Како што дознаваме, од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.