Лице барано за обид за убиство притворенo на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден /2 октомври/, во 09,45 часот на Граничниот премин „Табановце“ на излез од Република Македонија, од слобода е лишено лицето А.Ф. (1982) од Липково.

Loading...

Како што стои наведено, лицето е лишено откако за истиот постои сомневање дека е извршител на КД по чл.123, а во врска со чл.19 од КЗ на РМ.Во 10,15 часот, лицето е предадено на УПС од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.