Лице барано за казна затвор приведено на Табановце

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишник рано утринава бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако по него имало распишана потерница.

Loading...

– На 01.10.2020 во 03.50 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.С.(48) од Скопје, кој на СТОП-Листа бил регистриран дека е предмет на потрага за издржување на казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply