Лице барано за издржување затворска казна приведено на Табановце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава 01.50 по полноќ часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето С.К. (24) од с.Црквино, велешко, евидира на СТОП листата за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „оштетување или повластување на доверители“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е лишено од слобода и во 02.30 часот е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.