Лице барано за издржување затворска казна приведено на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 17,55 часот во Полициска станица Табановце, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеник лишен е од слобода М.Р.(28) од с.Сарај-Скопје, затоа што при проверка утврдено е дека бил евидентиран на СТОП Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и три дена за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 19,35 часот со потврда за предавање на лице, лицето е предадено на Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.