Лице барано од Интерпол приведено на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 20.15 часот на граничниот премин „Табановце“, од страна на полициски службеници бил приведен З.Д. (51) од Белград, Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен затоа што се наоѓал на СТОП-ЛИСТА по барање на Интерпол.

Во 21,30 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за натамошна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.