Лицата со попреченост во Куманово добија пакетчиња од градоначалникот и Дедо Мраз (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денеска од името на Општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски, во чест на Новогодишните празници традиционално ги посети институциите, кои работат со лица од ранливи категории.

Loading...

„Во придружба на Дедо Мраз, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на корисниците на Дневен центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ и Дневниот центар за лица со попречености – Куманово. На дечињата им посакав Дедо Мраз да им ги исполни сите замислени желби, а како општина продолжуваме да го подобруваме квалитетот на живот на сите граѓани. Куманово е инклузивна општина која се грижи за секого“, изјави Димитриевски.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...