„Порака наша“: Лицата со интелектуална попреченост добија можност да работат

Сподели со своите пријатели

Седум членови на здружението „Порака“ наша и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост од вчера добија можност да бидат работно ангажирани.

Loading...

Тие ќе го продаваат списанието „Лице в лице“, кое вчера беше промовирано во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Самото списание ги третира теми за општествена одговорност, кое излегува на два месеци веќе неколку години наназад.

12144721_1676681235909470_7485362648746455348_n

Нашите продавачи се носители на некој начин на општествените промени и тоа како двојни, затоа што се работно ангажирани и го подобруваат својот живот, но во исто време испраќаат пораки коишто се многу важни за подигнување на свеста за важни општествени прашања – изјави Анета Ристеска еден од уредниците на списанието „Лице в лице“.

Од здружението „Порака наша“ истакнуваат дека се многу задоволни од оваа можност која им се пружа на лицата со интелектуална попреченост.

Желбата да продаваат кај нив е огромна. Денеска ќе им биде прва можност по самиот настан да почнат со продажбата – изјави Светлана Милевска Димитриевска, социјален работник во „Порака наша“.

 

12112445_1676681339242793_6262495611690775476_n

 

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски кој изрази голем поздрав до одлуката оваа здружение да се приклучи во ваквиот проект.

Loading...

Се гордеам на проектите од областа на инклузија на лицата со посебни потреби во општествениот живот со вклучување според нивните можности во работните обврски. На тој начин 50% од средствата ќе завршат во Порака наша – рече Дамјановски.

Инаку помош во оваа работа лицата со интелектуална попреченост ќе добиваат од волонтери, ученици во „Наце Буѓони“ и Гимназијата „Гоце Делчев“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.