Во Либија пукна нафтовод што го поврзува нафтеното поле Сарир со терминалот во Тобрук, а илјадници барели нафта се излеаа во пустината.
Арапската нафтена компанија „Голф оил“, која стопанисува со гасоводот, проценува дека поради штетите дневно се излеваат 22.000 барели нафта.
Од компанијата соопштија дека во тек се работите на санирање на штетите.
Клучните либиски нафтени постројки, вклучително и најголемото нафтено поле, се затворени поради политички несогласувања и можно обновување на насилството.
Лесната сурова нафта долго време беше предмет на внимание во либиската граѓанска војна, во која вооружени групи и странски сили се бореа да ги контролираат најголемите нафтени резерви во Африка.
Либија е растргната од конфликти откако бунтот поддржан од НАТО прерасна во граѓанска војна во која диктаторот Гадафи беше соборен и убиен во 2011 година.