Остануваат само неколку недели до саемот CES 2022, а сосема е сигурно дека ќе имаме можност да ги видиме најновите и најинтересните телевизори.
Во пресрет на саемот CES 2022 во Лас Вегас, LG претстави два неконвенционални телевизори со цел да се спојат формата и функцијата, како што велат, а кои ќе се најдат на пазарот следната година.
Првиот е, објективно кажано, прекрасен OLED телевизор – наречен Objet TV – кој ги користи посветлите OLED Evo панели на LG. Она што го прави овој телевизор чуден е фактот што е дизајниран да стои потпрен на вашиот ѕид, под агол од пет степени, за да изгледа како некаква уметничка инсталација.
Дополнително, има вградено ткаенина што може да го покрие телевизорот и постепено да се подига или спушта така што малите делови од телевизорот се изложени. Но, зошто би сакале да гледате само една половина од екранот?
LG вели дека ќе можете да репродуцирате музика без да треба да го гледате целиот екран или да имате достапна помала линија за следење на датумите и времето.
Другиот телевизор што го претставија беше наречен StanbyME и всушност е пренослив телевизор со држач што можете да го носите со себе.
LG StanbyME има вградена батерија прикачена на мобилен држач со скриени тркала што овозможува три часа гледање пред полнење, пишува The Verge.
Екранот може да се навалува, ротира, подига или спушта за да обезбеди „оптимална удобност кога лежите во кревет, готвите во кујната или лежите на софата во дневната соба“.
LG сè уште не објави детали за цените или достапноста на овие телевизори, но се очекува дека овие информации ќе бидат познати наскоро, особено по саемот за потрошувачка електроника CES 2022 во Лас Вегас на почетокот на следната година.