Најостро го осудуваме денешниот настан кој го организира Министерството за одбрана во Куманово по повод одбележување на 70-годишнината од постоењето на НАТО, стои во соопштението кое Левица го испрати до медиумите.
Куманово е градот во кој пукна првата пушка, град кој изобилува со антифашистичка и антимилитаристичка традиција, симбол на прогресивните текови на XX век, кога го доживува и својот најголем развој, втемелен врз основа на идеалот за слобода и еднаквост. НАТО ја претставува сета спротивност на Куманово. Тој претставува ретроградна сила, остаток од мрачните времиња на милитаризмот и блоковската поделба. Сојуз кој поради профитен интерес на своите штитеници започнува војни, агресии, врши терор, внесува раздор помеѓу народите и го урива меѓународниот правен поредок. Денешното одбележување е голем срам за нашиот град, велат од локланиот огранок на Левица од Куманово.
Настанот, Левица го оцени како срамен со порака градоначалникот да не присуствува на вакви настани, туку времето да го троши за решавање на урбаниот и сообраќајниот хаос во Куманово.