Левица Куманово со реакција за новите вработувања во општината

Сподели со своите пријатели

Локалниот огранок на Левица од Куманово излезе со соопштение во јавноста во која го пренесува својот став по одлуката на Советот на Општина Куманово за врабоување на 34 нови лица во локалната администрација.

Соопштението го пренесуваме интегрално.

По најавата за нови 34 вработувања во општинската администрација, уште еднаш се потврди дека некои работи едноставно се константа.

Пример за таква непроменлива константа се непотребните, партиски и наместени вработувања во администрацијата на општината Куманово. Познато е дека општината нема физички капацитети за да ги смести сегашните „административци“.

Иако режимот на ВМРО ДПМНЕ е срушен, практики по коишто режимот беше препознатлив (пр. партиските вработувања и партизацијата на администрацијата), сеуште и во непрестан континуитет се применуваат од страна на локалната власт на СДСМ во Куманово.

Особено симптоматично е и тоа што новите вработувања се спроведуваат непосредно пред локалните избори. Па затоа бараме запирање на оваа постапката, со цел општината подетално да образложи која е потребата и итноста за новите вработувања.

Престанете со паразитизмот, корупцијата и партизацијата! – стои во соопштението од Левица Куманово.