Левица Куманово со предавање на тема „Десетте дена кои го променија светот“

Сподели со своите пријатели

По повод 100 годишнината од Октомвриската Револуција и 11ти ноември, 73-годишнината од ослободувањето на Куманово, Левица во своите партиски простории ќе организира предавање на тема:  „Десетте дена кои го променија светот“ – како Октомвриската револуција ја обликуваше историјата на XX век.

На предавањето ќе бидат отворени неколку прашања, како Октомвриската револуција ја обликуваше историјата на 20 век? Зошто 1917 и зошто Русија? Духот на октомври – Од „светска револуција“ до „социјализам во една држава“ СССР и македонското прашање, парадоксот на октомври, дали Октомвриската револуција го спаси либералниот капитализам?

Предавањето ќе се одржи утре  со почеток во 20:00 во канцеларијата на Левица на “3та МУБ” бр31.

Предавач ќе биде Стефан Илиевски, дипломиран историчар и активист на Левица.

По предавањето ќе биде отворена дискусија. Од партијата ги покануваат сите граѓани кои што се заинтересирани да присуствуваат на овој настан.