Летно кино на отворено во Куманово за помош на Теодосија

Сподели со своите пријатели

Во училишниот двор на ООУ „Вук Карџиќ“ во Куманово утревечер со почеток во 20:00 часот ќе се организира летно кино на отворено.

Loading...

Настанот е од хуманитарен карактер и во организација на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со ЦИД.

Филмот што се емитува е „50 first dates“, а цената на билетот е 50 денари, средства што ќе бидат донирани за помош на малата Теодосија од Куманово која се лекува во Турција.

– На самото место ќе има поставено и штанд за пуканки, а филмот кој што ќе се прикажува го избравте вие преку гласањето на стори на нашиот профил, односно “50 first dates”. Филмот е прикладен за сите возрасти така што ве очекуваме во што поголем број со цел да помогнеме сите заеднички и во оваа хуманитарна мисија за Теодосија, велат од Црвен крст Куманово.

 

Никола Ивановски