ЛЕТНА РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Дизниленд бара принцеви и принцези

Сподели со своите пријатели

Дизниленд во Париз бара нови принцеви и принцези да работат во нивниот парк оваа лето. Потребни им се околу 50 нови работници кои ќе ги глумат Пепелашка, Елса, Бел и другите омилени јунаци од цртаните филмови.

Loading...

Две одвоени аудиции ќе бидат одржани на 8 јуни и ќе траат цел ден.

Првата аудиција е за мажи и жени кои личат на цртаните ликови, а за нив постојат многу јасни услови по прашањето на вистина. Тие ќе бидат измерени по доаѓањето на аудицијата.

Жените мора да бидат високи од 160 до 173 сантиметри и мора да бидат „елегантни и без видливи тетоважи“.

Мажите мора да бидат високи од 160 до 183 сантиметри, да бидат видливо „мажести“, но исто така да немаат видливи тетоважи.

Сите ликови на „Дизни“ имаат една заедничка работа која никој досега не ја зебележал (ФОТО)

Loading...

И за оние кои се превисоки или имаат тетоважи на вратот има надеж. Можат да се пријават за статисти на парада или лице кое пречекува и поздравува посетители.

За парадата е потребно да имате основни познавања на танц.

– Бараме ентузијасти и многу енергични луѓе кои ќе настапуваат како ликови на Дизни или на парада. Ако сонувате за тоа да го глумите познатиот Дизни или Марвел јунак, или да учествувате во нашата прекрасна парада, во текот на работното време да бидете принц или принцеза, јавете ни се, стои во описот на огласто.

Оние кои се пријавуваат за удицијата детали можат да најдат на сајтот на Дизниленд, а треба на истата да се појават без шминка. Работа се нуди за најмалку три месеци, а кандидатите мора да зборуваат англиски и француски.

Leave a Reply