Летечка камера и автоделови запленети на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија пет случаи на царински измами, мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани алкохолни пијалоци, лекови за потенција, автоделови, регистарски таблички, летечка камера, фалсификати и друго.

Вкупно 218  парчиња разни видови на автоделови, откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце Автопат. Непријавените автоделови биле пронајдени во две картонски кутии сместени во возачката кабина на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

 

Loading...

index

 

Едно парче употребувана летечка камера марка PHANTOM, откриена при контрола на патничко комбе со германски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената летечка камера била пронајдена во мал црн куфер сместен во багажниот простор на комбето и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.