Леопард го прекина производството во фабриката на Мерцедес (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И додека многу фабрики се затвораат поради недостаток на чипови или санкции, фабриката на Мерцедес запре од сосема друга причина.

Loading...

Фабриката на Мерцедес во Махараштра, Индија мораше да престане да работи поради непоканет гостин. Имено, леопард залутал во фабричкиот комплекс и се задржал неколку часа. Додека пожртвуваните членови на Wildlife SOS се мачеа да го фатат изгубениот леопард, работниците се засолниле на безбедно. Тригодишниот леопард на крајот бил пронајден скриен зад кутии и палети. Бил многу исплашен и возбуден, па поради безбедносни причини бил смирен со седативи.

Постапката за спасување траела дури четири часа, а младиот леопард моментално е под лекарски надзор. Наскоро ќе биде пуштен во дивината, но Wildlife SOS стравува дека настаните како овој би можеле да станат почести. Имено, во оваа област, некогаш најгусто населен леопард, во последните години се забележува сè поголемо губење на живеалиштата за дивиот свет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

Картик Сатјанарајан, ко-основач на Wildlife SOS, рече: „Исцрпувањето на живеалиштата ги принудува леопардите да дојдат во областите каде што доминираат луѓе“. Затоа, постои можност вакво нешто да се повтори.

Фабриката на Мерцедес, која склопува модели како Ц,Е и С класа, но и кросовери, не работеше шест часа поради непоканет гостин.