Лековитата моќ на боровинките

Сподели со своите пријатели

Овие мали егзотични плодови се неверојатно здрави поради своите антиоксидантни својства и мултивитамини. Тие го намалуваат нивото на холестерол во крвта, а истовремено ја регулираат контролата врз гликозата и инсулинскиот сензибилитет и со тоа го намалуваат ризикот од болести на срцето и диабет. Но тоа не е се!

Боровинките како антибиотик

Боровинките можат да бидат неверојатно полезни и со своите антибиотски квалитети. Тие содржат материи кои го потискаат растежот на бактериите и на тој начин спречуваат појава на многубројни инфекции на грлото и мочните патишта.

Боровинките како средство за здравје и младост

Заборавете на скапите кремови против стареење. Можете да водите здрав живот конзумирајќи по неколку боровинки секој ден. Тие содржат витамин Ц, Е и А, селен, цинк, бакар и фосфор, кои се неопходни да останеме млади и здрави долго време. Боровинките содржат специјална група антиоксиданти, наречени каротеноиди и флавоноиди.  Затоа обидете се боровинките да бидат дел од вашата исхрана!


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.