Лекарите ги прогласиле за починати: Луѓе кои станале од мртвите

Сподели со своите пријатели

Пред големиот напредок на медицината во 20. век не било реткост одредени луѓе прерано да бидат прогласени за мртви и да бидат живи погребани.

Loading...

Неодамна е објавена книга со такви примери од целиот свет.

Мери Бест имала само 17 години кога се заразила со колера во Индија. Таа страдала од ужасни болки и мачнини, додека нејзиниот пулс станувал се послаб. На почетокот, лекарите ја прогласиле за мртва и наложиле под итно да биде погребана, за бацилите да не се шират.

Таа 1871 година никој не ја проценувал стручноста на екпертите. Дури десет години подоцна, кога во истата гробница требало да биде погребан нејзиниот вујко, гробарите биле навистина изненадени. Капакот на ковчегот на Мери бил до пола отворен, а скелетот на девојката до половина бил надвор од него.

 

 

Мери не била мртва кога била затворена во ковчегот, но немала доволно сила потполно да го отвори и починала во ужасни маки.

Loading...

Колку и да изгледа грозно нејзината судбина, во Викторијанското време, а и порано, таквите животни приказни не биле реткост.

Се до напредокот на медицината во 20. век методите на утврдување на смртта биле секакви само не контролирани.

Бидејќи често се случувало починатите да станат од ковчегот, се случувало и „за секој случај“ пред погребувањето на починатите срцето да им биде прободено со копје.

Во книгата објавена во 1905 година, која неодамна доживеала уште едно издание, двајца лекари ги претставиле случаевите на прерано погребување од целиот свет.

Најстрашни биле оние во кои жртвите биле неверојатно блиску до спасување, но нивните блиски од страв од вампиризам ги убивале.

Така, во 1887. во Франција за време на погребот на едно младо момче, некои од присутните случнале чукање од внатре. Во страв да не се крене паника меѓу ожалостената поворка, погребот бил продолжен, но додека земјата паѓала врз ковчегот, тропањето станало се посилно и речиси сите го слушнале. Наместо да го тргнат капакот, тие го чекале градоначалникот. Меѓутоа додека тој дошол, момчето се задушило.

Некогаш луѓето кои се обидувале да го спречат прераното погребување биле прогласувани за „луди од болка“ и неспособни да ги прифатат реалноста и смртта.

Вирџинија Мекдоналдс девојка од Њујорк, е погребана во 1851 година по кратка болест и покрај тоа што нејзината мајка тврдела дека не е мртва.

Loading...

Семејството тоа го препишало на „хистеричност“ на мајката, но под притисок се согласило по неколку дена да го отвори ковчегот. Тие виделе како девојката лежи на страна со тешки повреди на рацете од загризи кои самата си ги нанела или од страв, или од глад, а потоа починала.

Во неколку возбудливи случаи кучињата ги спасувале животите на своите господари така што лаеле на ковчегот или ги напаѓале гробарите и ги терале да го ослободат „починатиот“.

 

 

Слични грешки се случуваат и денес

Вакви случаеви не се резервирани само во периодот на 20. век.

На пример, еден војник од Фиџи за малку ќе бил погребан бидејќи во 2007 година е разнесен од бомба во Авганистан. Лекарите го прогласиле за мртов, а бидејќи неговото тело било искапено пред погребот, еден од болниларите забележал слаб пулс.

Loading...

Се воочило дека тој бил во кома и итно е префрлен во Велика Британија на лекување.

Осум дена подоцна тој се разбудил и сфатил дека лекарите му ги ампутирале двете нозе. Ја претставувал Велика Британија на Параолимпијадата во 2012 година.

Сличен е и случајот со Морин Џоунс, 65 годишна жена од Јоркшир која паднала во својата куќа во 1996 година. Нејзиниот син ги повикал лекарите кои утврдиле дека починала од мозочен удар.

Додека ја носеле на носилка, еден од нив забележал дека таа мрднала со ногата и започнале да ја масираат. Таа накратко се пробудила, а подоцна е утврдено дека била во дијабетична кома. Иако во потполност оздравела, цели четири години по овој настан, таа имала кошмари дека е погребана жива.

Големиот број примери докажуваат колку е тенка линијата меѓу животот и смртта-потенка отколку што можеме да претпоставиме.


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *