Лекар открива трик како да не ви се замаглуваат очилата кога носите маска (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Секој што носи очила за вид, додека носи маска за лице, се соочил со проблемот на „замаглено стакло“.

Loading...

Како да се спречи „замаглувањето на очилата“ стана предмет на бројни дискусии, а еден лекар најде начин кој е ефикасен.

Д-р Даниел М.Хејферман, кој носи очила и маска додека работи, сподели трик како да се спречи „замаглувањето на стаклата“.

Решението е прилично едноставно. Сè што ви треба е обична медицинска лепенка.

Лекарот го лепи врвот на маската преку носот, што исто така спречува да се лизне маската од лицето.

– Ако ви е тешко да носите очила поради замаглувањето или маска што ви паѓа од носот, обична лепенка прави чуда. Слободно споделете, идејата може да спаси многумина – напиша Хајферман.

Идејата беше пофалена од многумина, дури и моделот Криси Тајген.

„Затоа си ти лекар, а јас не“, му рече Тајген.

Loading...

 

Leave a Reply