Лекар и волонтери делеле лекови на Табановце со поминат рок

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, на 29 декември во Транзитниот центар Табановце, лицето Е.Р, по занимање лекар, инаку претходен волонтер во џамијата во Куманово, заедно со останати волонтери се фатени како делат антибиотици и витамин Ц со поминат рок на траење.

Во дневниот извештај од Т.Ц Табановце, РЦУК јавува дека во меѓувреме,  пристигнати се 20 душеци од Црвен Крст кои се распоредени во трите шатори.

Во последните 24 часа, од пунктот Табановце до Општа Болница Куманово се донесени тројца бегалци, кои по стабилизирање на состојбата се вратени на преминот од каде се упатиле кон Србија, јавува РЦУК.

Од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена е дезинфекција на 12 вагони -2400 м.кв. и дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти, како и дезинфекција на 13 такси возила и едно комбе.