Лејкерс се вратија дома, од градските власти чекаат дозвола за прослава на титулата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс кои по 17. пат во историјата на НБА станаа шампиони, денес се вратија од Орландо во Лос Анџелес.

Loading...

Прес-канцеларијата на клубот на Твитер објави соопштение во врска со шампионската парада.

– Едвај чекаме да ја славиме нашата титула со нашите навивачи. По консултација со градот и округот, сите се согласуваме дека радосна и широко распространета јавна прослава ќе се одржи веднаш штом ќе биде безбедно да се стори тоа. Во меѓувреме, уште еднаш ви благодарам за поддршката! – стои во клупското соопштение.

Лејкерс ноќта недела кон понеделник го совладаа Мајами хит со 106:93 за вкупни 4-2 во финалната серија од НБА сезоната 2019/20. 

Зоран Стерјовски


Leave a Reply