Легендата за името на селото Враготурце

Сподели со своите пријатели

Пред доаѓањето на Турците, на ридот Градиште, над село Враготурце, постоел мал, но убав и добро утврден град, обиколен со девели и високи ѕидишта, од кој се управувало со целиот Козјачки крај и кој бил седиште на Козјачката епископија.

Кога турскиот војсководец Орхан дошол под бедемите на градот, по долга опсада и бројни жртви успеал да го освои. Огорчен од силниот отпор, Орхан наредил лажно повлекување на војската, а на боиштето оставил само тајни стражи.

Loading...

По повлекувањето на Турците, градот веќе се подготвувал да се раздвижи и да се врати засолнетиот народ во своите околни села. Притоа, долго време оскудевајќи за вода, една баба побрзала низ тајниот тунел до Нилков кладенец (околу 200 метри под бедемите) по вода, но притоа силно ги исплашила шатките што се капеле во него и тоа го привлекло вниманието на една турска стража, ја заробиле бабата и така дознале за тајниот влез во градот.

Вечерта, турската војска скришум се вратила, ненадејно навлегла во тврдината и по долга, очајна борба, успеала да погуби половина од населението, го убиле градскиот војвода и откако ги запалиле и разурнале сите куќи, кули и ѕидишта, преостанатите бранители во прангии ги одвеле за Стамбол.

А бидејќи Турците изгубиле голем дел од својата војска и претходно претрпеле страшни порази, гордото околно население подоцна градот го нарекло Враготурце (страшно за Турците).

Извор: „Наш весник“ – 12 јуни 1970 година


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *