Сателитските снимки направени во четвртокот покажуваат делумно ископана масовна гробница пред црквата во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев.
Фотографиите, направени од Maxar Technologies на 31 март, покажуваат ров долг 14 метри југозападно од црквата и официјални лица кои ги отстрануваат телата на украинските цивили.
Не е јасно колку тела се извадени од оваа гробница, но Москва тајмс пишува дека таму биле закопани 57 луѓе.
Градоначалникот Анатолиј Федорук изјави за АФФ дека властите во Буча „веќе закопале 280 луѓе во масовни гробници“ откако руските трупи се повлекле од областа, додавајќи дека улиците се „полни со трупови“.
Буча, град со околу 28.000 жители, стана сцена на интензивни борби кога започна инвазијата на 24-ти февруари.
Русите објавија сателитска снимка од седиштето на НАТО: „Момци, ве гледаме!“
Предградијата на Киев се под контрола на руската војска со недели, пишува Киев Индипендент, а кога градот повторно бил окупиран, биле пронајдени останките на стотици убиени украински цивили.