„Леден Армагедон“ ѝ се заканува на Европа, првите земји веќе на удар

Сподели со своите пријатели

„Леден Армагедон“, снежната бура што ги парализираше САД и Канада во текот на претходните месеци, сега пристигнува и во Европа.

Loading...

Првата земја на удар е Велика Британија, каде температурите се во сериозен пад во последните неколку дена, а се проценува дека во следните два дена ќе паднат рекордни количества снег.

Хидрометеоролошкиот институт на Велика Британија соопшти дека на територијата на островската држава се очекува да наврнат повеќе од 38 сантиметри снег.

Повеќе од 100 училишта низ Велс веќе се затворени, а најмалку 27 летови од аеродромот во Бристол се откажани.

Се предвидува дека најлошо ќе помине централна Англија, каде се очекува граѓаните да останат без интернет и сите други канали за комуникација.

Скај њуз пишува дека метеоролозите предвидуваат дека во Јоркшир на северот на Англија снег би можел да паѓа 31 час без прекин.

 

Loading...

 

На граѓаните им се препорачува да ги загреат домовите на најмалку 18 степени целзиусови, особено за оние кои се неподвижни, имаат долгогодишно боледување или имаат над 65 години.

Поради ова, две електрани на јаглен повторно почнаа да произведуваат струја иако престанаа да работат пред само неколку дена.

Она што е особено загрижувачко е што метеоролозите не се сигурни во нивните проценки и не можат да гарантираат дека овој леден бран нема да се прошири во остатокот од Европа.

 

 

Исто така студеното време со снег од Британија и Скандинавија веќе се прошири на северот од Германија и Полска, а со обилен снег температурите се спуштија под нулата степени.

Loading...

Инаку, „Арктичкиот морски зрак“, кој сега пристигна во Британија, во декември ги „посети“ САД.

Тамошните метеоролозите на оваа снежна бура ѝ дадоа име што верно ја евоцира неговата разорна моќ – „циклонска бомба“.

Циклонска бомба или циклон-бомба е термин кој се користи за бура која брзо се засилува, при што доаѓа до ненадеен пад на воздушниот притисок – најмалку 24 милибари за 24 часа.

Покрај многу ниските, понекогаш екстремни температури, циклонските бомби носат снежни ветрови и бури.