Леброн по рекорден трет пат прогласен за спортист на годината во изборот на „Sports Illustrated“

Сподели со своите пријатели

Американското спортско списание „Sports Illustrated“ по рекорден трет пат го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината.

Loading...

Кошаркарот на Лејкерс стана првиот спортист што ја добил оваа награда по трет пат.

Претходно, Леброн беше избран за спортист на годината во 2012 и 2016 година.

Џејмс минатата сезона ја освои четвртата титула во НБА-лигата. Претходно има освоено шампионски титули со Мајами (2012, 2013) и Кливленд (2016).

Сезоната 2019/20 Џејмс ја заврши со просек од 25,3 поени, 7,8 скока, 10,2 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *