Лебот и брашното повторно ќе поскапат

Сподели со своите пријатели

Лебот, брашното и печивата до крајот на следниот месец ќе бидат поскапи за 10 проценти.

Loading...

Ова сценарио го најавија мелничарите, ако владата не им обезбеди субвенции на струја или им дозволи истата да ја набавуваат на регулираниот пазар.

Оправдувањето за овие барања од страна на мелничарите е дека нивните трошоци се зголемени за 500 отсто, а струјата е главниот проблем.

Претседателот на Мелничко-пекарската групација Горан Малишиќ, вели дека проблем е и цената не пченицата на берзите.

„Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена“, истакнува Малишиќ, пренесува МКД.мк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Лебот веќе значително е поскапен во текот на изминатите месеци, а доколку се реализира најавата за ова најново поскаување тогаш цените ќе урнат рекорди.

Од Владата засега нема никаков одговор на барања на мелничарите.