ЛДП утре со трибина во Куманово

Сподели со своите пријатели

Либерално-демократската партија утре со почеток во 19.00 часот во салата во зградата на Занаетчискиот дом во Куманово ќе одржи трибина со наслов „Размислувај различно – либерално кон Европа“.

Loading...

Говорници на трибината ќе бидат: Горан Милевски, претседател на ЛДП и министер за локална самоуправа, Зоран Шапуриќ, потпретседател на ЛДП и директор на Државниот  инспекторат за земјоделство, Јулиана Николова, потпретседател на ЛДП и пратеник во Собранието и Зоран Павловски, член на Централниот одбор на ЛДП и државен секретар во Министерството за економија.

– По тој повод, Општинската организација на Либерално-демократската партија – Куманово ги поканува своите членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани да го проследат овој настан и преку размена на мислења со говорниците да придонесат за изнаоѓање на најквалитетни решенија за надминување на нивните проблеми, велат од кумановскиот огранок на ЛДП.

Leave a Reply