Лажен еколошки активизам како профитабилен бизнис

Сподели со своите пријатели

Полицијата низ Европа безмилосно се справува со еколошките активисти кои по блокирањето патишта најчесто завршуваат под водени топови или во затвори.

Loading...

Експертите во ЕУ наведуваат дека зад еколошките движења најчесто се крие профитабилен бизнис и дека големите компании преку добро платените лидери на таквите организации ја уриваат конкуренцијата.

Освен тоа, со создавање немири и сцени на улица, активистите си прават дополнителна политичка промоција, а често и заработуваат.

Еден пример се протестите на еколошките активисти во Холандија на почетокот на април оваа година.

Локалната полиција брзо реагираше на блокадите на патиштата и ги растера демонстрациите со водени топови, апсејќи ги водачите на протестот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министрите на Турција, Иран и Русија утре во Доха поради ситуацијата во Сирија

Меѓу уапсените е и Грета Тунберг, веројатно најпознатата „еколошка“ активистка која стана позната ширум светот по магичното појавување на говорницата на Генералното собрание на ОН.

Но, тоа не ѝ даде имунитет од палките на холандската полиција, а откако го мина законското време во притвор, холандското обвинителство најави драконски казни за неа и за другите еколошки активисти.