Лавров: Зеленски презентираше уште еден доказ за заканите на Киев

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, изјави дека референцата за превентивен нуклеарен напад, што претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера го испрати на Запад, е уште еден доказ за закани за руската безбедност, поради што беше започната „специјалната воена операција“.

Loading...

„Вчера, Зеленски ги повика своите западни господари да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија, што на целиот свет му презентираше уште еден доказ за заканите што доаѓаат од режимот во Киев, поради чие неутрализирање беше започната специјалната воена операција – рече Лавров на четвртиот состанок на комисија на Генералниот совет на партијата Единствена Русија за меѓународна соработка и поддршка на сонародниците во странство, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија за време на своето обраќање го предупреди Вашингтон на непромислена поддршка за Киев и вмешаност во конфликтот.

„Уште еднаш ги предупредуваме САД и другите спонзори на режимот во Киев од сè подлабоко мешање во ситуацијата како страни во конфликтот“, рече Лавров.

Лавров, исто така, истакна дека Вашингтон и „неговите вазали“ се обидуваат да ја „искриват реалноста и позицијата на Русија“ и имаат за цел „да ја заплашат меѓународната заедница, да го принудат нејзиниот разумен дел да го следи неуспешниот курс на непромислена поддршка за Киев во сите негови авантури“, оценува руската агенција.

Претходно, Зеленски, говорејќи во Институтот Лови во Австралија преку видео врска, рече дека НАТО треба да изврши „превентивни“ напади врз Руската Федерација, а не „да чека руски нуклеарни напади“.

Подоцна, прес-секретарот на Зеленски, Сергеј Никифоров, објасни дека тој не повикува на употреба на нуклеарно оружје против Руската Федерација, туку мислел на превентивни санкции.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...