Лавров: Западот треба да признае одговорност за смрт на цивили во Донбас

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Украина лаже кога вели дека руската армија ги напаѓа сопствените градови, пренесува руската прорежимска агенција Тасс.

Loading...

„Со еден збор, тие лажат. Фактите се добро познати, нашето Министерство за одбрана ги презентира фактите секој ден“, рече Лавров на прес-конференција по разговорот со виетнамскиот министер за надворешни работи Буи Тан Сон.

Лавров вели дека Западот е одговорен за смртта на цивилите во Донбас и Украина

Лавров рече дека Западот треба да ја признае својата одговорност за смртта на цивилите во Донбас и Украина.

„Западните земји треба да ја признаат својата одговорност, без разлика што велат Зеленски и неговиот тим. Западот треба да ја признае својата одговорност за смртта на цивилите, особено во Донбас и другите делови на Украина каде режимот во Киев користи оружје против цивили. Тоа е државен тероризам“, рече Лавров, пренесува Тас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.