Лавров: Во оваа фаза употреба само на конвенционално оружје

Сподели со своите пријатели

Во оваа фаза Русија размислува за употреба само на конвенционално оружје, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за India Today.

Loading...

„Русија не ја разгледува можноста за употреба на нуклеарно оружје во Украина, ние зборуваме само за конвенционално оружје“, рече Лавров.

 

Москва го ограничи пристапот до веб-страницата на Хјуман рајтс воч

 

Лавров најави почеток на нова фаза од операцијата во Украина.

„Таа операција продолжува, сега почнува следната фаза од таа операција. Убеден сум дека тоа ќе биде многу важен момент од целата специјална операција“, рече тој.

 

Loading...

Москва го ограничи пристапот до веб-страницата на Хјуман рајтс воч

 

Говорејќи за изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје на руските трупи за време на „специјалната операција“, шефот на руската дипломатија рече дека не сака да коментира „што рекол еден не баш адекватен човек“.