Лавров: Светот да вложи напори за зачувување на меѓународното право

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика сите земји да вложат напори за зачувување на меѓународното право, бидејќи, како што нагласи, „светот се развива на комплициран начин“, пренесува Ројтерс.

Loading...

Лавров ова го изјави на средбата со неговиот виетнамски колега Буи Тан Сон во Ханој, во време кога западните земји ја обвинуваат Русија за кршење на меѓународното право со инвазијата на Украина, наведува британската агенција.

Лидерите на Европската унија ја повикаа Москва да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој на 16 март и наложи на Руската Федерација да ги прекине воените операции во Украина, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот план на ЕУ: Повеќе пари за Украина и одбрана, помалку за земјоделците и природата

„Виетнам е клучен партнер на Русија во Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија, а односите меѓу двете земји се засноваат на историјата и нивната заедничка борба за правда“, рече Лавров на средбата во Ханој.

Виетнам и Русија имаат блиски врски уште од времето на Советскиот Сојуз, а Ханој досега не ја осудил руската војна во Украина, која Москва ја нарекува „специјална операција“, пренесува Ројтерс.

Посетата на рускиот министер на Виетнам доаѓа во време кога двете земји ја одбележуваат 10-годишнината од нивното „сеопфатно стратешко партнерство“, а Лавров потоа треба да отпатува за Индонезија за да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 (Група 20) која го ја сочинуваат 19 најразвиени земји во светот, заедно со Европската Унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Војната во Украина нема да заврши додека Трамп и Путин не седнат на преговарачка маса

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.