Лавров следната недела со Гутереш за извоз на житарки преку црноморската рута

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, следната недела во Њујорк ќе разговара со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

Loading...

Разговорите во Њујорк ќе се одржат само неколку недели пред истекот на актуелниот договор за извоз на украински житарки, а нов договор може да се постигне само под услов да се исполнат и барањата на Русија за извоз на руски производи.

Со оглед на тоа што Русија претседава со Советот за безбедност на ОН во април, Лавров треба да претседава со два состаноци на Советот за безбедност за време на неговиот престој во Њујорк.

Русија предупреди дека нема „неголеми“ изгледи за постигнување договор за безбеден транспорт на жито од украинските пристаништа на Црното Море по 18 мај, во услови на воена состојба.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.