Лавров: САД, Јапонија и Јужна Кореја подготвуваат војна против Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека подготвуваат војна против Северна Кореја.

Loading...

Лавров на прес-конференција во ОН рече дека овој нов воен блок, кој беше формиран од Америка, собира воени активности и спроведува големи вежби, пренесе АП.

САД, Јужна Кореја и Јапонија ги опишаа нивните заеднички воени вежби како „одбранбени по природа“ и неопходни за справување со растечките нуклеарни закани на Северна Кореја.

„Одеднаш, реториката на Сеул стана понепријателска кон Пјонгјанг. Во Јапонија слушаме и агресивна реторика“, додаде Лавров.

Тој посочи дека целта на тој воен блок е јасна.

„Тие подготвуваат војна против Северна Кореја“, тврди Лавров.

Рускиот министер рече дека САД и азиските сојузници разговараат и за развој на соработка.

„Прилично е глупав начинот на кој го формулираа, но тие рекоа нешто како соработка за нуклеарно оружје“, рече тој.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.